Српската полиција кај Рума уапси млад човек кој со ракетен фрлач урнал зграда

Денеска 25-годишник П.Н. испукал проектил од рачен ракетен фрлач во напуштена зграда во близина на железничката станица во Платичево, во близина на Рума. Српските медиуми информираат дека набрзо по инцидентот, тој е уапсен.

Според неофицијални информации, уапсениот П.Н. вчера бил пуштен од невропсихијатриско лекување.

По експлозијата предизвикана од испалениот проектил, се урна помала зграда спроти станицата во Платичево.
Веднаш биле известени припадниците на МУП, а според првичните информации нема повредени во инцидентот.