Српски државјанин е ранет во Израел, изјави почесниот конзул на Србија Александар Николиќ.
– За среќа повредите се полесни. Зборувавме на телефон, тој беше примен во болница и веќе е отпуштен, изјави Николиќ за РТС.
Според него, денешниот лет на „Ер Србија“ бил полн, а за утре и задутре претпладне се планирани дополнителни летови за Белград.
Сирените за воздушен напад се огласија вчераутро во јужен и централен Израел по ракетниот напад од Појасот Газа.
Лидерот на Хамас, Мухамед Деиф вели дека ова е денот на најголемата борба и последниот ден од окупацијата, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху укажува дека земјата е во војна. Седницата на Советот за безбедност на ОН во недела.