Оперативците на Службата за борба против тероризмот во петокот во Белград го уапсија И.Деспотовиќ, вахабистички Србин кој подготвувал крвав терористички напад во строгиот центар на главниот град.
Деспотовиќ, кој пред неколку години го прифатил исламот и бил во постојан контакт со лидерите на џихадистичката организација Исламска држава, бил уапсен додека се подготвувал да грабне камион и со него да вози низ улицата „Кнез Михајлова“ и да прегази што повеќе луѓе, пишуваат српските медиуми.
Станува збор за државјанин на Србија, наводно вехабист, кој бил во контакт со Исламската држава. Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа.
Тој е уапсен во заедничка акција на Службата за борба против тероризам, МВР и Обвинителството за организиран криминал, додаваат медиумите.
Ова не е првпат сега приведениот Деспотовиќ да биде уапсен. Претходно бил уапсен уште во 2017 година во Белград, кога се подготвувал со камион да гази луѓе во центарот на градот. Тогаш кај него биле најдени планови за напад како тој во Барселона, кога во август 2017 година беа убиени 13 лица, а десетици беа повредени.