Српскиот министер за економија поднесе оставка

Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ поднесе оставка.Како причина за оставката се наведува непостоењето на политичка волја за спроведување на реформи.

Радуловиќ претходните денови изјави дека ако веднаш не бидат усвоени системските закони, посебно законот за приватизација и стечај, тоа е сигурен знак за откажување од реформите и оти ќе бидат распишани избори.

Тој посочи и дека ако реформите не се спроведат, нема цел да остане во Владата.