![vulin srbija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/vulin-srbija.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, е позитивен на вирусот ковид-19 и е во самоизолација, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Како што се наведува, Вулин бил тестиран откако еден од државните секретари во министерството бил хоспитализиран заради позитивен тест на ковид-19.
Се истакнува дека Вулин продолжува редовно да ги извршува должностите како министер за одбрана, придржувајќи се до сите пропишани мерки при самоизолацијата, и се додава дека нема никакви симптоми и се чувствува добро.
-Министерот за одбрана Александар Вулин уште еднаш апелира до сите граѓани да се придржуваат кон мерките донесени од Републичкиот кризен штаб и Владата на Србија со цел да се спречи ширењето, сузбивањето на вирусот„ Ковид-19 – се вели во соопштението.