Српскиот патријарх Порфириј во посета на Струга и Охрид

Српскиот патријарх Порфириј на покана на архиепискотпот на  Македонската православна црква  г.г Стефан, од вчера е во посета на Струга и Охрид. По синоќешната богослужба во негова чест во манстирот Рождество на Пресвета Богородица во струшко Калишта, утрово двајцата поглвари и владиците од двете цркви го посетија и храмот Света Богородица Перивлепта во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици.

По одлуката на Вселенската патријаршија за отсранување на повеќедецениската шимза од МПЦ-ОА и долгогодишниот спор со СПЦ, српскиот поглавара Порфириј во неполн месец по втропат доаѓа во Македониај, овој пат во Охрид.

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан не даде изјава за медиумите. Петријархот Порфириј не сакаше да одговара на новинарски прашања, испрати куса пораки при неговата втора посета на Македонија

-РАДОСТ И БЛАГОСЛОВ ГОЛЕМ ШТО МОЖЕМЕ ДА СЕ ПОКЛОНИМЕ НА СВЕТИНЊИТЕ, ДА ЗАПАЛИМЕ СВЕЌА, ДА СЕ ПОМОЛИМЕ НА БОГ ЗА СПСАС НА ЦЕЛИОТ СВЕТ, ЗА МИР ВО СВЕТОТ, ЗА МИР МЕЃУ ЛУЃЕТО, ЗА МЕЃУСЕБНО РАЗБИРАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ СЕКОЈ ДА НАЈДЕ МЕСТО ПОД СОНЦЕТО, РЕЧЕ СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ, Г.Г ПОРФИРИЈ.

Вселенската патријаршија на 9 мај донесе одлука  канонски да ја признае ОА и да ја отстрани долгогодишната шизма, по што  следеше заедничка архиерејска литургија на  поглаварие на СПЦ и МПЦ  во Белград, потоа на 24 мај во Скопје.

Минатата недела архиепискотот Стефан имаше заедника литургија со Веленскиот патријарх Вартоломеј, кога побара и автокефалност за МПЦ-Охридска архиепископија.