Српскиот претседател Вучиќ стана татко по третпат

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа по третпат стана татко, а убавата вест ја споделил на социјалната мрежа Twitter.

„Вечерва првпат ќе морам да ги прекинам државничките обврски и тоа со насмевка на лицето, бидејќи Тамара и јас пред неколку минути добивме син“, напишал Вучиќ.

Бебето се родило 15 дена предвреме и тоа додека претседателот Вучиќ се наоѓа во посета на Казахстан, каде присуствуваше на отворањето на „Астана Експо 2017“.

 

Во саботата рано утрото, Вучиќ слетал на белградскиот аеродром и бил видно возбуден, пишуваат спрските медиуми, и додаваат дека веднаш се упатил да ги види мајката и бебето тешко над три килограма.