Српската машка ватерполо репрезентација го одбрани златниот медал на Олимписките игри во Париз, во финалниот меч одигран во „Ла Дефенс Арената“ ја совлада селекцијата на Хрватска со 13:11 (5:2, 3:3, 3:3, 2:3).
Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен кај Хрватска со три гола, додека Милош Ќук со три гола ја предводеше Србија, а голманот Радослав Филиповиќ забележа 10 одбрани.
Се чини дека прашањето на победникот го реши лошиот почеток во обрана на Хрватска во првата четвртина, кога Србија ги искористи сите четири ситуации со играч повеќе во базенот и поведе со 5:2.
Во втората четвртина Србија поведе со 7:3, што го приннуди хрватскиот селектор да направи измена на голот. Се чинеше дека оваа замена ќе го „разбуди“ тимот, Попадиќ ги одбрани првите два удари по влегувањето во базенот, а Хрватска намали на 5:7. Но Дедовиќ искористи играч повеќе за Србија за 8:5.
Третата четвртина мина мирно за одржување на предноста на српската репрезентација, а Хрватите ги вратија надежите откако во првата минута од четвртата четвртина намалија на 9:11. Надежите дополнително се разбудија бидејќи хрватскиот голман Бијач го одбрани „зицерот“ на Србите, но хрватските ватерполисти тогаш не искористија три напада за практично да ја намали разликата на еден гол.
Ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри, по Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година.