Српското МВР го прекина фестивалот „Mirëdita, добар дан“

Во четвртокот, од безбедносни причини, српското Министѕерство за внатрешни работи го забрани настанот „Mirëdita, добар дан“, кој ја промовира културната соработка меѓу Србија и поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија каде албанското мнозинство со поддршка на Западот во 2008 година еднострани прогласи независна Република Косово, а беше проследен со протести на радикалните организации и десничарски партии бидејќи се одржува на големиот српски православен празнил Видовдан што се доживува како провокација од страна на организаторите кои се обвинети дека го признаваат постоењето на државата Косово што е во спротивност со уставот на Србија.

Според соопштението за печатот на српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, Министерството ја издало забраната „поради опасност од загрозување на безбедноста на луѓето и имотот, како и опасност од нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем“. Дачиќ изјави дека нема да бидат дозволени други собири на просторот наменет за одржување на овие настани, истакнувајќи дека за забраната се информирани и организаторите на собирот.

Фестивалот „Mirëdita, добар ден“ практично и официјално не започна, бидејќи отворањето беше закажано за вечерта на 27 јуни во областа на блеградската населба Дорќол на локацијата наречена „Дорќол Плац“, центарот на алтернативните културни настани во главниот град на Србија. Неколку часа пред отворањето, групи десничари почнаа да се собираат пред „Дорќол Плац“ и по соседните улици, веејќи српски знамиња и извикувајќи „Косово е срцето на Србија“ и името на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Се слушаат националистички песни и погрдни пораки против косовските Албанци, јавуваат репортерите на белградските опоициски медиуми од теренот, наведувајќи дека во околината има само неколку сообраќајни полицајци бидејќи улицата каде што се наоѓа „Дорќол Плац“ е во меѓувреме затворена.

Против одржување на манифестацијата се и парламентарните десничарски партии, со оценка дека фестивалот не промовира културна соработка меѓу двата народа – српскиот и албанскиот, што е официјална агенда на манифестацијата, туку „соработка меѓу две држави“, која ја гледаат како „субверзивна политичка активност на организаторите на фестивалот која е противуставна“.

Членовите на Нова демократска партија на Србија организираа импровизирана изложба пред „Дорќол Плац“ на која беше претставено културното наследство на Србија на Косово и Метохија, а пред гостите од Приштина развеаја транспарент со пораката „Добредојдовте во вашиот главен град“.

Забраната на фестивалот „Mirëdita, добар дан“ во меѓувреме беше осудена од неколку граѓански организации. Движењето на слободни граѓани го нарече „срамно“, со оценка дека „владата на Србија е директно одговорна за несигурноста на учесниците“, чии министри заедно со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, дадоа „недозволиви изјави во кои ги испрашуваа мотивите на организаторите и ги обвини за предавство на националните интереси на најлош неофашистички начин“.

„Слободата на собирање е уставно право на сите граѓани на Србија, а со наредбата за забрана на фестивалот „Mirëdita, добар дан“, Ивица Дачиќ како претставник на режимот на СНС-СПС покажува дека земјата се усогласува со екстремните националисти кои се против регионалното помирување“, објави ПСГ.

Фестивалот „Mirëdita, добар дан“ се одржува еднаш годишно, наизменично во Приштина и Белград, а целта е да ги приближи српската и косовската културни сцени. Организатори се невладината Младинска иницијатива за човекови права и граѓански иницијативи од Србија и Интегра од Косово.

Од неговото основање во 2014 година, фестивалот беше проследен со протести на десничарските и екстремистите кои инсистираат на забрана на ваквите собири.