ССК и Унверзитетот Скопје потпишаа меморандум за соработка

Сојузот на Стопански комори и Универзитетот Скопје потпишаа меморандум за поголема соработка на бизнисот и образованието. Претседателот на ССК, Трајан Ангеловски и ректорот на Универзитетот Скопје, проф.д-р Аце Миленковски си подадоа рака со заеднички сили да и помогнат на младите да стекнат знаења во бизнис секторот и да останат дома во татковината.

„Чест ми е што го потпишуваме овој меморандум со Универзитетот Скопје, кој има таленти и дипломци кои треба да ги мотивираме да работат дома, наместо да заминат во странств. Сојузот на стопански комори секогаш се залага идните дипломци да стекнат пракса во некоја од македонските компании, каде во исто време и ќе го пренесат знаењето што го стекнале на високообразовните институции во земјава”, вели  Ангеловски.

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф.д-р Аце Миленковски порача дека најголемото богатство и најголемиот ресурс на секое општество се младите и затоа мора да се најде начин да се задржат дома, да останат свои на своето.

„Соработката со Сојузот на Стопански Комори за нас е многу значајна.Креираме стручни кадри кои му се потребни на бизнис секторот. Целта на Универзитетот Скопје е да се генерира успешни кадри во областа на економијата, маркетингот, туризмот и менаџментот, а доказ за тоа е дека нашите дипломци веќе се врвни професионалци кои работат во реномирани компании на менаџерски позиции”, порача Миленковски.