ССМ ѝ даде рок на Владата до 21 јуни да ги исполни барањата за плати во јавниот сектор, потоа ќе договара штрајк

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија, ССМ, денеска донесе одлука за повикување на генерален штрајк во јавниот сектор ако не се исполнат нивнита барања:

-Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линеaрното зголемување на платите од 2806 денари за сите вработени во јавниот сектор.
-Враќање на изгубеното право регрес од 2023 година, во износ од 30 до 100 отсто од просечната плата во државата
„Доколку ова не се случи до 21.06 на 22.06 јуни ССМ ќе ги повика сите работници, како членовите, така и сите останати незадоволни работници, да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние, да направиме генерален шрајк“, изјави Дарко Димовски – претседател на ССМ.