Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на минималната синдикална кошничка за месец јули, односно на минималните трошоци за едно просечно четиричлено семејство, кои минатиот месец изнесувале 48.620 денари. Ова е зголемување за 441 денар во однос на минатиот месец, јуни.
Од вкупната вредност на кошничката, најмногу или 44,6 отсто (20.004 денари) биле потребни за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка.
За хигиена се пресметани 3,247 денари или 7,24 отсто, 3,720 денари или 8,29 отсто се трошоци за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје.
-Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари, стои во соопштението на ССМ.