Врз основа на континуираното следење на примената на Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството во практиката ,потписниците на овој ОКД, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ,во текот на оваа година покренаа иницијатива за негова измена и дополнување.
Со потпишувањето на оваа спогодба , ССМ и ОРМ ,како репрезентативни организации на работниците и работодавачите и актуелни социјални партнери во државата ,уредија низа значајни прашања во меѓусебните односи на работниците и работодавачите кои се во насока на унапредување на работничките права , создавање на балансирани деловните односи и подобрување на бизнис климата во државата .
Од аспект на работниците и нивните права од работен однос ,најзначајни измени кои се постигнати со оваа спогодба се уреди правото на регрес за годишен одмор на работниците во висина од најмалку отсто од просечната месечна нето плата во работник исплатена во последните три месеци.