Стабилизирана состојбата на чешкиот претседател Земан

Состојбата на чешкиот претседател Милош Земан кој итно беше пренесен на инатензивна нега во Централната воена болница во Прага е стабилизирано, соопшти портпаролот на болницата Јитка Зинке.

На прашањето дали потврдува или демантира дека претседателот е опериран, Зинке вели дека не може да каже бидејќи нема и нема да има други информации.

Во Чешка расте огорченоста бидејќи Канцеларијата на Земан крие информации од јавноста. Од 22-ри септември кога тој е пуштен од болница по оум дена лекување, од Канцеларијата тврделе дека тој бил само исцрпен и дехидриран.

Дури во петокот кога почнаa парламентарните избори во Чешка, а Земан не се појави на гласачкото место, портпаролот Јиржи Овчачек призна дека тој е болен.

Чешкиот претседател е церемонијална фигура на политичката сцена во земјата бидејќи главните одлуки ги носат владата и парламентот, додека единствен важен момент е оној по избори кога се врачува мандатот за состав на владата.

„За тоа дали здравјето му дозволува да ја извршува својата функција прашајте го неговиот портпарол. Лекарите на претседателот кажаа што имаа да кажат и денеска нема да излегуваат пред медиумите“, изјави портпаролот на болницата.