
Од денеска ќе настапи постепено стабилизирање на ветерот, и во најголемиот дел од следната недела ќе имаме стабилно, суво и вистинско летно време што значи територијата на нашата држава ќе биде зафатена од антициклон.
Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса која ќе условува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Но и покрај ова ќе дува умерен, локален и повремено засилен ветер од северен правец, но сепак и натаму ќе владеат летните температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.