Стабилни политики за раст и нови вработувања

На Македонија и е потребна политичка стабилност – сметаат и економистите и банкарите. Според универзитетскиот професор Марјан Петрески, политичката криза ги намалила прогнозите за раст на домашната економија годинава за еден процентен поен, пред сè поради воздржаноста на приватниот сектор да влезе во нови вложувања. Тоа го покажуваат и податоците на Државниот завод за статистика.

Сите случувања на политичката сцена многу влијаат на економијата. Наредната година откако ќе се одржат изборите ќе треба да помине време додека се формира Влада и сите други структури, и тој период треба да се премости“ – вели првиот човек на Еуростандард банка, Николче Петковски.

ЕК предупредува: кризата влијае на растот!

Не само домашните еконономисти, бизнисмени и банкари, и Европската комисија предупреди дека политичката криза претставува ограничувачки фактор за домашната економија.

Политичката криза влијаеше на намалувањето на растот, но не придонесе за крах на економијата. Забавувањето се должи на домашните и надворешните несигурности, во прв ред, политичката криза и ситуацијата во Грција, што влијаеше на инвестициската активност, оценува Европската комисија во последната есенска економска прогноза.

Она што досега ја одржува домашната економија се внимателно скроените мерки кои се во насока на стимулирање на растот и поддршка на бизнис – секторот. Политиките се поставени на здрава основа, со што и во турболентни времиња се генерираат позитивини економски резултати.

Груевски: ние мислиме на проекти, друг на деструкција

На погубните последици од политичкиот начин на дејствување на СДСМ предупреди и премиерот Груевски.

Додека ние мислиме на отворање нови работни места, на куќи за младите, на градење фабрики, патишта, нови болници, факултети, додека мислиме како да реализираме проекти од интерес за народот, некој мислел на фалсификати, деструкција, сценарија, местенки, лажни конструкции и гнасни потези. Тоа не е политика. Ова веќе не е политика. Нашиот народ не го заслужил ова, рече Груевски.