Стабилно и релативно топло време и во наредните денови

Следува период на стабилно и релативно топло време. Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.

Од вторник повторно ќе биде во постепен пораст, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до три, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен.