Стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност, Мицкоски на средба со претседавачот на МКБ, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија, денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.

На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.

Премиерот ја истакна заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура.

Тој нагласи дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Двете страни се согласија дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.