![navivaci-francija-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/navivaci-francija-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Стадионите во Франција се отворени за навивачите од 11 јули, соопштија локалните власти.
Најмногу 5.000 гледачи ќе можат да присуствуваат на трибините за натпреварите во Купот на Франција и Лига Купот, како и за претсезонските контролни.
Ова е уште еден чекор кон олеснување на преземените мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.
Минатата сезона беше прекината на 30 април, а ПСЖ беше прогласен за шампион.
Новата сезона во француската Лига 1 започнува на 22 август.