Штајнмаер: Добивме конкретни информации за нападот на амбасадата во Истанбул

Германија ја затвори својата Амбасада во Анкара, Генералниот конзулат во Истанбул, како и училиштата во тие два града, откако безбедносни служби добиле конкретни информации за можен непосреден напад, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, пренесува МИА.

Нашите безбедносни власти синоќа примиле неколку конкретни и мошне сериозни информации дека се подготуваат терористички напади врз нашите германски претставништва во Турција, рече Штајнмаер.

Претходно Министерството за надворешни работи соопшти дека се затворени германската Амбасада во Анкара, Конзулатот во Истанбул и германските училишта поради опасност од „можен скор напад“.

Германија во вторникот ги предупреди сите свои државјани во Анкара на „напад кој може да се случи мошне брзо“.