Вашиот говор кој го имавте поврзан со предлозите за замениците министри беше со вкупно 416 зборови. Говорите ви се намалуваат, содржината останува иста, концептот е тој се кажува ништо и се збори за ништо а на крај сите сме сведоци дека професионалноста која треба да ја имаме и да ја слушаме овде не е таква каква што треба да биде“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница.
Таа додаде дека додека премиерот го читаше вчерашниот говор партнерите кои треба да ве поддржувааат во Владата немаа доблест да останат и да ве сослушаат до крај тие заминаа а вие уште не бевте завршени, а голем дел од поддржувачите во Влада кој ги имате не дојдоа.
„Навистина многу сиромашен говор но тоа зборува и за моментот дека е и сиромашен предлогот и лицемерието кое го гледаме. Премиерот вели дека не е проста математика а сите ние овде сме сведоци и јавноста е сведок дека, да ова е проста математика бидејќи станува збор за наметнати предлози“, рече Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска истакна дека овде во Република Македонија далеку сме од практикување Демократија, далеку од Европска Унија, бидејќи ЕУ не е само оние уставни измени кои ги барате и кои нема да ги добиете.
Таа е децидна дека вчерашниот говор на премиерот Ковачевски немаше да биде со 416 збора и сиромашен говор ако премиерот не имаше факти и проекти со кои ќе се пофалеше овде пред нас.
„Скапо платените видеа каде се лаже и се мами јавноста дека автопатот Охрид – Кичево е готов, дека 1,300км патишта се направени. Ете ги тие скапо платени видеа. Денес гледам дека 26,000 евра се потрошени за себепромоција, а народот за жал пробува да егзистира, а тоа јавноста знае и суди дали тоа е успешно или не“, вели Стаменкоска Трајкоска.
Додаде дека верува дека набрзо премиерот Ковачевски ќе одговори и ќе ја даде информацијата која подолго време ја барам.
„Ги барам сите 14 записници од советот за развој на образованието, тело за кое никој не слушнал а толку помпезно беше најавувано и се прашуваме дали илјадници евра и за тоа се потрошени бидејќи многу се трошеа и сведоци сме дека многу финансии се трошат ама одат на едно место само, а не одат парите кај народот таму каде што треба да одат“, децидна е Стаманкоска Трајкоска.