Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска-Трајкоска, во своето гостување во емисијата „24 aнализа” посочи дека Законот за наставници кој во април месец бил доставен до Собранието бил ставен во редовна постапка бидејќи во Собранието власта имала тенденциозност законите да ги става во скратена постапка.
-Кога толкава загриженост имавте да го решите целиот тој проблем, зошто тој закон отиде во редовна постапка? Тоа е една работа. Втора работа, она што ние го кажавме на прес-конференцијата пред два дена беше дека дел од законот кој вие нѐ обвинувате долго време дека со тоа се кочи покачувањето на платата, дел од законот, имено, за јавноста да биде поинформирана – во законот за наставници за кој кренавте толкава врева, додавате една цела глава каде што се става систематизацијата. Што направивме ние? Вие се повикувавте на систематизацијата дека ние кочиме зголемување на плати, ние ја извадивме систематизацијата и дадовме нов предлог на законот. Повелете, еве сега закон кој можеме да го изгласаме и од наредниот месец колегите наставници нека земаат повисоки плати, рече Стаменкоска-Трајкоска.
Таа додаде дека вториот момент од првиот дел на законот е што власта ниту еднаш до сега во јавноста не излегла да ги каже политичките моменти, односно што во законот се предвидува вработувања на наставник кој првпат влегува во образование, да влезе директно на неопределено време.
-Јас не би гледала проблем за ова доколку на нас системот ни беше професионален, ако имавме систем и организација на професионално ниво. Да се вратам назад, бидејќи бев прозвана дека не го читам законот, јас ќе ве замолам со сета должна почит, да го прочитате законот бидејќи ниту една запирка нема измрдано од вашиот предлог, само е извадена последната глава, она на што се повикувате за зголемување на платите во образованието, го даваме како предлог и ви ги овозможуваме сите услови, додаде Стаменкоска-Трајкоска