Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска е одликувана со орденот „Витез од редот на академски палми” од Француската Република.
Одлукувањето ѝ е врачено како признание за вложениот труд во промоција на францускиот јазик и култура како професор, пратеник и претседател на Франкофонската секција во Собрание на Република Македонија.
„Горда сум што можам да кажам дека припаѓам на оние што градат мостови на соработка помеѓу земјите. Продолжуваме заедно, за Македонија!“, изјави Стаменкоска Трајкоска во објавата на својот фејсбук профил.