Стаменкоска Трајкоска: Власта е подготвена и на криминал, дури и по цена на погубните политики со оваа образовна реформа

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, во однос на новиот закон и најавената дигитализација, истакна дека не и ме зачудило законот да се донесе и со европско знаменце, но тоа ќе биде погрешно затоа што ЕУ само препорачува, не е тоа нивна директива, а власта е подготвена и криминал да направи, дури и по цена на вакви погубни политики за нашите деца како образовната реформа.

„Не би ме зачудило да се донесе законот за реформи во образованието со европско знаменце, под оправдувањето дека се почитуваат препораките на Европската унија, но во Деловникот во член 135 јасно стои дека закони со европско знаменце се закони кои се под директива и регулатива на Европската унија, значи нашите закони да се адаптираат на европските закони, а не не ние да работиме по препорака на Европската унија“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Објасни дека во Стратегијата за образование на ЕУ 2021-2025 година стои дел кој вели дека заради заштита на животната средина се вика Зелена Европа и се „препорачува“,значи не станува збор за директива и регулатива, туку се препорачува да се оди кон дигитализација, тие во никој случај не велат дека ние мора први тоа да го направиме истото и да бидеме први во Европа кои тоа го направиле, вели Стаменкоска Трајкоска.

„Сведоци сме на тоа колку се подготвени од власта да направат криминал, дури и по цена на вакви погубни политиките за нашата држава и за нашит деца како што е оваа образовна реформа“, критикуваше пратеничката.