Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека не е точно дека не сакала да биде дел од објавата на алатката.
-Слушам вчера Дамјан ме прозива дека не сум сакала да бидам дел од објавувањето на алатката. Министер, алаткава не ти е нова (ја имаш од минатите избори) и нормално дека нема да ги повикам вработени заедно со тебе да пријавуваат притисок, зошто ти на твојата фамозна алатка за една година имаш 8 пријави, јас по толку добивам дневно од шерифите кои ти ги контролираш, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.