Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски преку статус на Фејсбук пишува дека уште на првиот работен ден илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик.
-Почитувани,
Уште на првиот работен ден илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик.
Непостоење на протоколи за работа, соодветна заштита на работно место согласно препораките на СЗО, денес Владата и функционерите на СДСМ ги втурнаа вработените а со тоа и граѓаните и државата во уште посериозна здравствена криза.
Упатувам апел до Владата, веднаш да се прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор, да преовладува разумот и да се овозможат мерки за нивна заштита.
⚖️Упатувам апел, сите вработени кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства.
⚖️Хоронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители…. веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кој добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност.
⚖️Апелирам да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно место и назад.
⚖️Апелирам веднаш да се превземат мерки за соодветна организација на работните единици/простории во инистуциите како би имало соодветен простор/ растојание помеѓу вработените.
⚖️Апелирам на работа од дома (online) освен за институциите каде навистина се има потреба од физичко присуство на вработените но притоа да се примени принципот на ротација на вработените до не повеќе од две лица присутни во иста просторија.
Ја повикувам Владата да покаже барем во овие моменти малку совест, одговорност и разум и веднаш да пристапи кон превземање на мерки за заштита на здравјето на вработените во јавниот сектор и граѓаните.
Се надевам дека во овие тешки моменти кога Македонија се соочува со подем на пандемијата на коронавирусот, Владата ќе ја прифати подадената рака за да се избориме со пандемијата и ги заштитиме илјадниците животи на вработените во јавниот сектор и на граѓаните во Македонија.