Дваесет и осумгодишниот Б.A.(28) од Скопје доби кривична пријава поради „кражба“, при што се здобил со околу 5.979.150 денари. Скопјанец го ограбил станот на својата девојка.
Пријавениот во периодот од 31.05. годинава до 14. минатиот месец на подрачје на Карпош, поточно во стан на ул. Јуриј Гагарин извршил кражба во згодна прилика на тој начин што истиот претходно се запознал со ќерката на оштетените и на тој начин успеал да дојде во станот. Користејќи ја приликата додека оштетените не биле дома, односно биле на одмор, во слободниот разговор со нивната ќерка дошол до сознание дека истите ќе се вратат околу 13.06.2015 година и слободно се чувствувал при што и подолго време останувал во станот.
Во повеќе наврати Б.А. за да остане сам во станот на вешт начин ја манипулирал ќерката на оштетените на тој начин што ја испраќал да уплаќа ливчиња во спортска обложувалница, а во еден наврат ја испратил и во населба Кисела Вода со изговор дека должел пари на некоја личност за таа да ги врати. Тогаш пријавениот останувал сам во станот при што детално вршел пребарување и во гардероберот пронашол една сива чанта која насилно ја отворил. Од чантата пронашол и одзел голема количина на уникатен златен накит како и предмети од злато со антиквитетска вредност. Меѓутоа не се задоволил со одземените предмети, туку продолжил со пребарување на станот при што пронашол и одзел уште камера, фото апарати, мобилен телефон, часовник и други предмети.
Извршен бил претрес во стан кој пријавениот го имал земено под закуп каде се пронајдени дел од украдените предмети.Од страна на оштетените извршено е препознавање при што со сигурност ги препознале одземените предмети бидејќи се работело за уникатни златни парчиња, а со потврда истите им биле вратени.
Б.А. бил во бегство, а на 29.овој месец бил пронајден и префрлен во затворот Идризово за издржување на казна затвор за претходно извршени кривични дела измами. Пријавениот и е веќе познат на полицијата и против него биле поднесени петнаесет кривични пријави.