Во стан на охриѓанец најдени се пет саксии со марихуана. Кривична пријава е поднесена против И.Т.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информира МВР, во месец јули годинава од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени пет саксии во кои имало засадено канабис.