Станбениот комплекс високи 17 ката што се урна во земјотресот во Тајван бил „зајакнат“ со конзерви. Наместо челична конструкција, во носечките ѕидови на комплексот имало конзерви од масло за готвење, покажуваат фотографиите од рушевините.
Големите конзерви се наоѓаат во шуплините на столбовите и очигледно биле користени како материјал за изградбата. Дописникот на Би Би Си вели дека конзервите биле искористени за полнење на бетонските ѕидови.
Властите веќе ангажирале три тима инженери и ја почнаа истрагата за зградата стара две децении. Инаку, конзервите за готвење во ѕидовите беа причина за рушењето на уште една зграда во Тајван во 1999-тата година.
Тајван беше погоден од земјотрес од 6, 7 степени по рихтерсовата скала во петокот вечерта.