Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ реши да го напушти бундеслигашот Битехајм, откако не успеа да му помогне на својот клуб да избегне испаѓање од најсилната германска лига, па реши кариерата до крајот на сезоната да ја продолжи во Кувајт.
Битенхајм е закован на дното, па клубот и Станиќ решија спогодбено да ја прекинат соработката, а тој реши експресно да си најде краткорочен ангажман во Кувајт спортс клуб. Со кувајтскиот клуб сега ќе игра на заливскиот куп кој ќе се одржи од 19 март до 1 април во Абу Даби.
Станиќ беше првиот ракометар на Металург што го напушти македонскиот првак сезонава, по што буквално целиот шампионски тим во минатиот месец си замина по финансиската криза во Автокоманда.
Станиќ од идната сезона повторно ќе се врати во Бундеслигата, затоа што има договор со Рајн Некар Левен.
Извор: Спортмедиа