Стапи на сила рускиот закон за интернетот

Руските власти осигураа правни можности за гаснење на интернетот, откако во петокот стапи на сила контроверзниот Закон за обезбедување стабилно функционирање на рускиот сегмент од интернетот, доколку земјата биде од некоја причина исклучена од Светската мрежа (World Wide Web).

Владата има намера да создаде инфраструктура за суверен руски интернер, што го објаснува со неопходност за одбрана од надворешни кибернетички напади. Критичарите, пак, ја гледаат оваа мерка како чекор кон поголема цензура,.

„Државата сега првпат има целосна техничка контрола над интернетот“, рекол за германската новинска агенција DPA, Алесандар Исавнин од здружението против цензура Роскомсвобода. Додава дека додека претходно давателите на интернет услуги делувале под условите на слободниот пазар, сега руската држава може да врши директна контрола.

Рускиот интернет систем ќе се насочува преку јазли во земјата, чијашто инфрастуктура ќе започне да се гради. Давателите на интернет услугите мора да инсталираат опрема неопходна за успешна транзиција доколку дојде до потреба.

Иако опозициските групи кои дејствуваат со поддршка на Западот тврдат дека веќе наводно биле блокирани некои нивни интернет страници, сепак малубројни беа протестите против овој закон кој претседателот Владимир Путин го потпиша во мај одинава,

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ за странските новинари истакана дека Русија не сака да се исклучи од интернетот, туку дека се подготвува а моќноста Западот да ѝ го исклучи интернетот.

„Сметам дека во следните неколку години практично е неизбежно сценариот за ткн ‘остовизација“ на интернетот, кога земјите кои се стремат да бидат суверени, го прошируваат својот суверенитет и во интернет просторот“, рекол за агенцијата РИА Песков, кој е и специјален претставник на рускиот претседател за дигитален и технолошки развој.

Според официјалните лица од власта и експертите, новината нема на ниеден начин да влијае врз руските корисници на интернет мрежата, а внатрешната мрежа Рунет ќе остане дел од меѓународниот интернет простор.

„Со стапувањето на сила на законот, руските корисници нема да чувствуваат никакви промени, квалилитет нема да се влоши“, изјаивл за агенцијата ТАСС, портпаролот на министерството за комуникации и мас-медиуми, Евгениј Новиков.

Според одредбите од законот, при појава на закани за безбедното функционирање на Рунет, регулаторот на интернетот Рискомнадзор на територијата на Русија може да го преземе централизираното управување со мрежата за јавните комуникации. Владата ќе ја одобри постапката за такво управување, ќе ги утврди видовите на закани и мерките за нивно елиминирање. Во владина надлежност, исто така, е и утврдувањето на случаите во кои телекомуникацискиот оператор има право да не го насочува сообраќајот преку техничките средства за да се спротистави на заканата. Таквите средства за операторите ќе бидат обезбедени без надоместоци од страна на регулаторот.