Македонија бележи историски пад на невработеноста на 12,5 отсто во второто тримесечје од оваа година. Според најновите податоци на Државен завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од 2024 година во Македонија, бројот на активното население е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се невработени.
Во споредба со првото тримесечје од годинава кога активното население изнесуваше 788.909 лица, има прилив на 1.243 луѓе, бројот на вработени се зголемил за 4.385 лица, а бројот на невработени се намалил за 3.142 луѓе.
Економски експерти истакнуваат дека намалувањето на невработеноста не е поради економското подобрување и порастот на БДП, туку дека станува збор за техничко-статистичка операција, која најверојатно подразбира бришење на невработените од системот на податоци, како и иселување од државава.