Стапката на смртност во Македонија е меѓу највисоките во Европа

Многу загрижувачки податоци за Ковид19, особено што стапката на смртност во Македонија е меѓу највисоките во Европа, забележува пратеникот Антонијо Молошоски.
„+628 случаи денес (тоа се високи 28% од бројот на тестираните)
+15 починати во последните 24ч.
7.399 активни случаи (27.827 вкупно)
949 починати
453 стапка на смртност на милион жители“, ги коментираше во вторникот вечерта на социјалните мрежи Милошоски најновите податоци во врска со епидемијата на коронавирусот во Македонија.