Стапуваат на сила препораките поради аерозагадувањето во Струмица

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, надминат е прагот на аерозагадување во Струмица. Завчера во Струмица се измерени 188.13, а вчера 230.13 микрограми на метар кубен.

фото: Strumicadenes