Еден полицаец во Финска е убиен, а друг се здобил со тешки повреди од автоматско оружје, откако врз нив отворил оган еден 73-годишен маж што потоа се самоубил.
Полицијата во Вихти, се верозападно од Хелсинки се упатила синоќа на еден позафрлен имот, каде претходно биле пријавени истрели. Врз неколкумината полицајци бил отворен оган во моментот кога се приближиле до куќата.
Вооружениот маж на крај извршил самоубиство, соопшти полицијата, пренесува АП.