Седумдесет и тригодишен скопјанец, движејќи се по Првомајска, сретнал деветгодишно девојче и го допирал по телото и интимните делови, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Старецот Б.А. од Скопје, на први овој месец, движејќи се по Првомајска, пресретнал деветгодишно девојче, по што најпрво и’ дал 30 денари, а потоа почнал да го допира по телото и интимните делови, по што и’ ја ставил нејзината рака на неговите интимни делови.
Полицијата против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.