
Деведесет и едногодишен старец од Свети Николе вчера бил ограбен и претепан до смрт од страна на засега непознат сторител.
Разбојникот од домот на старецот одзел 30.000 денари.
Тој влегол низ незаклучена врата во станот лоциран на улицата .„Рахилка Гонева“ и со тап предмет физички го нападнал С.К., нанесувајки му повреди во по целото тело. Откако изнудил да каже каде ги чува парите, истиот ги зел и го напуштил местото.
Неговиот син го пренел С.К., во неконтактибилна состојба, во ЈЗУ-Свети Николе, каде по укажаната помош истиот е пуштен е дома, а во 2 часот по полноќ им подлегнал на повредите.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.