
Старица од Куманово била ограбена додека чекала лифт.
Како што јавува МВР, вчера во 10.40 часот во СВР Куманово, 73- годишната Ј.М. од Куманово пријавила дека во 09.45 часот додека чекала да влезе во лифт од зградата, трчајќи до неа дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот одземајќи и ја ташната во која имала 640 денари и лична карта на нејзино име.
СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.