![denari pari 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/denari-pari-3.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Старица преку телефон измамена за 50.000 денари за наводна сообраќајка на ќерка и.
„На 12.02.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари“, информира МВР.
Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.