
Постара скопјанка била повредена откако паднала додека се симнувала од автобус, вчера во Скопје.
Според полицијата, вчера во 16 часот од Градската општа болница 8 Септември било пријавено дека кај нив била донесена повредена Р.В.(75) од Скопје.
Таа се повредила како патник при симнување од автобус на ЈСП. Старицата со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истата била задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.