
Осумдесет и тригодишна скопјана во вторникот е тешко повредена од товарно возило на улицата „Радишанска“, информираа во средата од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила вчера околу 7,50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, кога товарно возило „фолксваген ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот скопјанец В.С.Б., удрило во пешакот Н.К..
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.