Стари заборавени обичаи: Овие работи навестуваат несреќа

Според старите заборавени обичаи, постојат некои работи што навестуваат несреќа. За некого тоа се само „бабини деветини“, а некои пак сеуште веруваат во нив.

Во народот постојат народни верувања дека некои појави ги навестуваат идните случувања, а меѓу нив се и овие:

– Кога четири лица при разделба ќе се ракуваат, ако рацете се вкрстат ќе дојде до кавги и раздор;

– Ако детето што сеуште не наполнило една година накисне на дождот, тогаш ќе биде слабо и болежливо;

– Кога странецот ќе си замине од домот, а не ни седнал, ќе го однесе мирот од куќата;

– Кога на една маса има 13 лица, некој од нив ќе се разболи;

– Кога се будите, не станувајте на лева нога, цел ден ќе бидете нерасположени;

– Ако навечер слушате дека некој тропа на вратата, а причината неможете да ја утврдите, тоа навестува зло;

– Наутро кога излегувате од домот, внимавајте кој ви доаѓа во пресрет. Децата носат среќа и радост цел ден. Момчето и девојката се знак дека тој ден нема да биде несреќен. Ако пред вас се маж и жена тоа значи дека нема се да пројде по ваша желба. Ако има многу стари луѓе, тоа значи дека ќе бидете налутени. Ако уште од рано наутро ви се случи некоја незгода, тој ден не почнувајте ништо важно;

– Кога ќе тргнете на пат, па мора да се вратите затоа што сте заборавиле нешто, од тој пат не очекувајте корист;

– Прв пат кога спиете во нечиј кревет, запомнете што сте сонувале, затоа што тој сон ќе се оствари;

–  Запомнете го она што сте го сонувале првата ноќ во новиот стан, затоа што ќе ви се исполни;

– Ако двајца се судрат со главите додека се обидуваат да кренат нешто од земја, ќе се засакаат.