![penzioneri vo francija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/penzioneri-vo-francija.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Норвешка, Шведска, Германија и Швајцарија се држави кои најмногу се грижат за економската сигурност и здравје на лицата постари од 60 години.
Според Хелпејџ интернешнел, непрофитна организација со седиште во Лондон, најлошо рангирана држава во тој поглед е Авганистан, а нешто подобро е во Мозамбик, Појасот Газа, Малави и Танзанија.
При составувањето налистата следени се 13 параметри, а рангирани 96 држави бидејќи останатите немаат за секој од критериумите.
Податоците на таа органзиација укажуваат дека во светот моментно има 868 милиони луѓе постари од 60 години што е речиси 12 отсто од целокупната популација. Се очекува таа цифра да се зголеми – анализите укажуваат дека до 2050 година ќе биде 21 отсто.
Од државите од поранешна Југославија најдобро е рангирана Словенија на 29 место, следуваат Хрватска 67, Црна Гора 68 и Србија на 78 место. БиХ и Македонија не се на листата. Албанија е на 53 место, Кина на 48 место, Грција на 73, а Русија на 65 место. Денеска пак се одбележува Меѓународниот ден на грижа за старите луѓе.