Со години наназат, традиционалните занаети полека одат во заборав, што поради малиот интерес од младите да го оддржат духот на старите занаети, но голем дел и поради малата економска исплатливост. Сепак, занаетчиите во земјава сметаат дека постои перспектива за нив , особено со субвенции и помош од Владата.
Според Весна Симова, претседателка на Македонската занаетчишка комора, сивата економија е најголем проблем на занаетчиството во земјава и треба да се работи заедно со Владата на легализација, за да не се оштетат веќе регистрираните занаетчии.
На денешна седница на Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство, што се оддржа во Скопје, координаторката од Германија, Евелина Парванова, посочи дека традиционалните занаети се важни за идентитетот на една земја. Сепак интересот на занаетчиските комори е насочен кон оние занаети кои живеат и кои носат профит, додека занаетите во изумирање треба да бидат поддржани од министретсвото за култура.
„Успехот на германското стопанство се темели врз јакото малостопанство и голем дел од малото стопансто е всушност занаетчистото. Се обидуваме да го поддржиме занаетчиството во Македонија, бидејќи тоа е битен дел за економски развој. Еден од прблемите кои во моментот го имаат сите европски земји е недостигот на квалифициран кадар. Во 20о1 година ја основаме Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство во која членуват 24 организации и денес ќе се оддржи седмото сорание. Поддршката од владата е доказ дека сигурно ќе имаме успех“, вели Пaрванова.
Тоа што го прави атрактивно занаетчиството во Германија е растот на извозот во последните години. Младите се насочуваат кон дуалниот систем што функционира во оваа земја, а тој значи добивање на добра квалификација, добро работно место, што нуди можност за отворање претпријатие и остварување економски устех.
„Владата врши континуирана поддршка на занаетчиството. Планираме и во иднина силна поддршка преку проект за олеснувањена процедурите за занаетчиите, преку програмата за вработување која е насочена кон занаетчиските дејноси Континуирано работиме и на изготвување на низа на законски решенија во оваа област. Занаетчиството е комплементарно и со други дејности, особено со туризмот кој во последно време зема замав и има голем потенцијал“, посочи Владимир Пешевски, вице премиер задолжен за економски прашања.
Сепак, недостигот на млад кадар во занаетчиството е проблем како кај нас, така и во европските земји.