Британскиот премиер Кир Стармер во вторникот апелираше до Британците да ги поддржат неговите понекогаш тешки планови за обнова на земјата, ветувајќи иднина со повисок животен стандард, побезбедни улици и подобри услуги.
Обраќајќи се на првата годишна конференција на Лабуристичката партија откако стана премиер, Стармер се обиде да го олесни расположението со анегдоти од сопствениот живот и презентираше оптимистички поглед на иднината, отстапување од суровите пораки на неговата влада која стапи на функција во јули.
Стармер прифати дека Британците можеби се сомневаат во неговата влада откако министрите одлучија да ги укинат плаќањата за парно за некои групи пензионери, но рече дека нема да се двоуми да преземе „непопуларни“ одлуки доколку е потребно за да се поттикне економскиот раст.
„Затоа знам, по се што поминаа, колку е тешко да се слушне дека некој политичар бара повеќе“, рече тој на собранието на неговата партија во англискиот пристанишен град Ливерпул.
„Но, длабоко во себе мислам дека знаете и дека на нашата земја и треба долгорочен план и дека не можеме да се вратиме назад. И вистината е дека ако сега донесеме тешки долгорочни одлуки, тогаш многу побрзо ќе стигнеме до светлината на крајот од тунелот, Британија што ви припаѓа“, додаде Стармер.
Тоа е промена на тонот од лабуристичката влада која недвосмислено ги порази некогаш доминантните конзервативци во јули, а нејзините министри оттогаш велат дека ситуацијата што ја наследиле им остава малку простор да ги решат многуте проблеми во земјата.
Стармер повторно се осврна на, како што го нарече, наследството на конзервативците, кои не успеаја да ги зголемат затворските места, да изградат нови домови или да ја ограничат имиграцијата и оставија буџетска дупка од 22 милијарди фунти, што опозициската партија го негира.
„Не заборавајте што направија и не дозволувајте да се обидуваат да ја префрлат вината на некој друг бидејќи тие се одговорни за состојбата на нашата земја“, рече бритаскиот премиер.на“, повтори тој, најавувајќи крај на измамите со социјалната помош и нудејќи станови за воените ветерани.
Додека поранешниот лидер на лабуристите Џереми Корбин ја премести партијата влево, а беше сменет по големата кампања против него во кој беше обвинете како антисемитист, Стармер ја премести во центарот на британската политика.
Стармер брзо се справи со човек од публиката кој побара од премиерот да објасни што прави за да им помогне на децата во Газа.
„Ја менуваме партијата. Додека тој протестираше, ние ја менувавме партијата, затоа имаме лабуристичка влада“, одговори на провокативното прашање чие дополнително прашање беше замолчено од аплаузите и одобрувањето на публиката.
Повикувајќи ги Британците да бидат трпеливи со неговата влада, тој повтори дека некои работи ќе треба да се жртвуваат на краток рок за долгорочни придобивки.
„Меѓутоа, нема да го постигнам ова со лесни одговори. Нема да го направам тоа со лажна надеж“, рече тој, додавајќи дека работата за промени само што започна.