Почнува изградбата на автопатот Кичево –Охрид

Почнаа  градежните работи околу изградбата на автопатот Кичево –Охрид. Потпишани се договорите со македонските компании. На интервјуата за работа, се пријавиле 200 лица од охридскиот регион, дел од кинеските работници кои ќе работат на терен се веќе пристигнати и сместени во Кичево.

„Ќе има и кинески работници, дел се веќе стигнати во Кичево. Тоа е уште една интересна работа во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Тие ќе работат по нивните стандарди, по нивните закони што и ја дефинираат брзината на изградбата на автопатот која е само три години, имајќи го во предвид искустството кое го имаат. Тоа ќе значи забрзување на целата постапка“, истакна Александар Николовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според договорот, 49 отсто  од компаниите и 51 отсто од работниците кои ќе работат на автопатот ќе бидат од земјава.

Новата делница на запад „Мајка Тереза“ ќе биде долга 57 километри, со три ленти и во два правци.  Ќе чини 375 милиони евра.