
Министерството за транспорт и врски распиша оглас за изработка на проект за продолжување на жичницата која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст. Според првичната замисла, оваа градска атракција, која стана и значајно обележје на метрополата, треба да ја продолжи својата траса до црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец.
Реализацијата на втората фаза на овој капитален проект е дел од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на предвремените парламентарни избори.
Според огласот, проценетата вредонст за изработка на проектот изнесува околу 4.000 евра.
Првиот дел од Жичницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба во 2011 година. Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза, кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница.
Жичницата во моментов има 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Со неа стопанисува Јавното сообраќајно претпријатие.