При Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, денеска ќе биде отворен Ургентниот центар.
Средства за реконструкцијата и адаптацијата на просториите во Универзитетската клиника за детски болести беа собрани во рамки на Националната донаторска кампања под мотото „Да помогнеме навреме“, а беше спроведена под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Ургентниот центар е изграден со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а дополнителните донации ќе се искористат за доопремување на Ургентниот центар и новите амбуланти.
На свеченоста по повод отворањето на Ургентниот центар ќе се обратат ќе се обратат министерот за здравство Никола Тодоров, покровителката Маја Иванова, д-р. Аспазија Софијанова – директор на Клиниката за детски болести, Мери Џо Волерс – сопруга на амбасадорот на САД во Македонија, Мехмет Суреја Ер потпретседател на Турската меѓународна агенција за соработка и развој и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Ѓурол Сокменсуер.
Градежните активности за реконструкција на Детскиот ургентен центар почнаа во септември годинава.