Статуата на Колумбо во Сиудад де Мехико ќе биде заменета со споменик на автохтоните жени

Статуата на прославениот европски истражувач и морепловец Кристофер Колумбо, кој минатата 2020 година беше отстранет од една од главните авенија Судид де Мехико ќе биде заменета со статуа посветена на домародните жителки на Мексико, објави во неделата градоначалничката на главниот град Клаудија Шејнбаум.

Бронзениот споменик од XIX век во октомври минатата година беше отстранет од авенијата Пасео де ла Реформа, бидејќи властите стравуваа од насилните протести против симболите на колонијалното наследство на Мексико, појава којашто се прелеа од САД и во Европа. Статуата е преместена на друга локација каде што ќе биде реставриран.

Шејнбаум појасни дека на тој начин ќе се отстапи споменик кој ќе ја задоволи „социјалната правда“ кога станува збор за историската улога на мескиканските жени, особено со домародно потекло.

„Секако, ние го признаваме Колумбо, но постојат два става“, изјави Шејнбаум додавајќи дека еден од нив е европското гледиште за „откривањето на Америка“, иако во Мексико со векови постоеле разни цивилизации.

„Ние тука имаме и второ гледиште, а тоа е дека во стварноста еден Европеец стасал во Америка, поставајќи место за средба меѓу двете цивилизации, а потоа следеше (шпанската) конквиста“, додаде градоначалничката на мексиканскиот мегалополис.

Статуата на Кристофер Колумбо ќе биде преместено на „соодветно место“ во главниот град, додаде Штајнбаум.

Неколку статуи на Колумбо веќе се отстранети од американските градови по протестите организирани од движењето Black Lives Matter и по неолибералната левичарска глобална акција на преиспитување на колонијалната ера и наследство од робововладетелството.

Левичарските групи во Мексикот минатите години се закануваат дека статутата ќе ја урнат на 12-ти октомври, на националниот празник посветен на пристигнувањето на Колумбо 1492 година, која предизвикува контроверзии ширум Америка.

Шејнбаум е блиска соработничка и сојузничка на левоориентираниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој најави дека во својот мандат, во прв ред, ќе се ангажира на заштитата на сиромашните староседечки заедници.