Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.
Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско, соопшти МВР.